Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Бразилецот Нејмар не е среќен во ПСЖ и би можел наскоро да се врати во поранешниот клуб Барселона, а на тоа во прилог одат и проблемите на Парижаните со Финансискиот фер-плеј.
Барселона, исто така, го сака Нејмар, па би можела да го ангажира наредната сезона, односно Бразилецот нема клаузула за наредната година, но затоа има за 2020 година кога таа ќе изнесува 160 милиони евра.
Нејмар е во добри односи со многу фудбалери на Каталонците, па и тоа оди во прилог на трансфер на Бразилецот во Барселона.
Се споменува можност дека Барселона ќе се обиде да го испрати Осман Дембеле во Париз, а за возврат ќе го добие Нејмар.