Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Порака има и капитенот на Интер, Мауро Икарди.
Трогателен гест подготвија од управата на Милан за мечот со Кротоне.
Челниците на италијанскиот гигант се одлучија за дуелот од 15 коло од Серија А (недела, 12:30) да отшампаат специјална серија на дресови кој пулените на тренерот Винченцо Монтела ќе ги носат во знак на трагично настраданите фрудбалери на Чапекоенсе.
Росонерите на ракавите, одма покрај знакот кој потсетува на своите седум титули европски шампион, ќе го носат грбот на бразилскиот клуб, додека на позадината на дресот, од презимето и бројот на играчот, ќе пишува
„Напред, Чапе“.
Навистина, за секоја пофалба.
Само, не тоа се од Милан. Напротив, тоа е почеток, бидејќи сите дресови кои Росонерите ќе ги носат на неделниот натпревар ќе ги продаваат на аукција, а комплетниот приход ќе биде проследен на малиот клуб од Санта Катерина.
Управата на Милан размислува и за во следното издание на „Трофеј Берлускони“ кој се игра во секое лето во пресрет на сезоната, да го повика Чапокоенсе, нормално, плаќање на сите трошоци на јужноамериканскиот клуб.
Поддршка од Чапекоенсе стигна и од таборот на градскиот ривал на Милан, Интер. Напаѓачот на Нероаѕурите Мауро Икарди објави дека на вечерашното дерби со Наполи, ќе носи специјално дизајнирана капитенска лента, во знак на сеќавање на трагедијата во Медељин.
Еве како лентата изгледа…