Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната ѕвезда во НБА, Стив Френсис е уапсен во Флорида поради криминал.
Поранешниот втор пик на драфтот, кој три пати беше и на Ол-Стар натпреварот, сам се пријавил во Флорида.
Неговите проблеми се зголемиле на крајот на ноември кога во Хјустон беше уапсен поради брзо возење со автомобилот во пијана состојба, а притоа била пронајдена и марихуана кај него.
Тоа ја алармираше полицијата во Флорида, која претходно по него распиша налог поради тоа што тој ограбил автомобил и украл вредности во износ од 7 000 долари.
Френсис немал друго решение, па затоа доброволно се предал во полиција.
Одредена му е кауција од 1.500 долари која за него не би требало да биде проблем, под услов да ги нема потрошени 103 милиони долари, колку што заработи за 8 сезони во НБА.
Френсис во кариерата играше за Хјустон од 1999 до 2004, потоа за Орландо, Њујорк, па повторно за Хјустон, а на крајот за Пекинг.