Стигнуваат добри вести од Англија – Мејсон одлично напредува!

Како што ветија, управата на Хал даваат детални извештаи за состојбата на Рајан Мејсон.

„Можеме да потврдиме дека Рајан одлично оздравува. Потврдена беше дијагнозата на скршеницата на черепот, но опериран е и се е во ред. Тој е моментално свесен и може да комуницира. Ќе остане уште некој ден во болница и ќе биде надгледуван од лекарите.“

Хал изгуби со 2:0 од Челси и тие се во опасност да испаднат од ПЛ.