Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Вардар беа поразени од Кјелце во Полска со 27:24 во натпревар од деветото коло од групната фаза од ЛШ.
Домашните ракометари одлично отворија, серија од три погодоци за водство од 4:1. Ракометарите на Вардар вратија со иста мерка и го израмнија резултатот, 4:4. При резултат 5:5 ракометарите на Кјелце со двата погодоци во серија стигнаа до водство од 7:5. Вардарци успеаа да израмнат, 9:9, но го загубија првото полувреме со 15:12. Неверојатниот Страхиња Милиќ фантастично бранеше во второто полувреме, но на почетокот на второто полувреме домашните со два погодоци во серија за прв пат на натпреварот имаа водство од четири погодоци, 18:14. Ракометарите на Вардар постигнаа четири погодоци во серија за израмнување на резултатот, 22:22. Голем број на грешки направија ракометарите на Вардар кои можеа да стигнат до водстов, но Кјелце тоа го казни со два погодоци и водство од 24:22. Три минути пред крајот на натпреварот полскиот клуб имаше водство од 26:24. Дујшебаев шутираше лошо, а преку контрата, Рајхман му обезбеди победа на Кјелце на денешниот натпревар. Ивиќ во следниот напад на Вардарци запиша две интервенции по ред, Стоилов и Дибиров беа негови жртви. Кјелце на крајот го победи Вардар со 27:24.
Агинагалде, Рајхман и Штрлек со по 4 погодоци беа најефикасни во тимот на Кјелце. Кај Вардар, Карачиќ и Дујшебаев беа најмногу расположени за игра и постигнаа по 5 погодоци. Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ бранеше фантастично, запиша 12 интервенции, но тоа не беше доволнo за ништо.
Во следното коло ракометарите на Вардар ќе го пречекаат во Јане Сандански Загреб од кој загубија во Хрватска.