Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Баерн ми забрани трансфер во Ливерпул“, изјави Шакири.
Изненади многумина со одлуката во 2015-та година во летото да се пресели во Стоук. После солидната полусезона во Интер се очекуваше швајцарецот дека ќе ги засили нероазурите, но се премисли и замина на островот.
„Ми ветија нов Интер. Редарите едвај ме сочуваа од навивачите кога стигнав. Стилот на животот во Милано беше фантастичен, тоа беа најдобрите шест месеци во мојот живот. Тренинг кампот беше во Комо, па Швајцарија ми беше блиску. Но, фудбалот во Италија не го сакав“, изјави Шакири.
Зошто?
„Затоа што е спор и тактиката го убива. Еднаш игравме на тренинг два часа со само еден удар на голот. Тоа никогаш порано не ми се случило во кариерата.“
„Манчини сакаше да останам, но бев заинтересиран за Англија бидејќи добив добри понуди. Причината беше јасна, во ПЛ секогаш има игра, а јас сакав веднаш да почнам во натпревари.“
„Со Манчини имав проблеми бидејќи го менуваше тимот секој викенд, па и кога игравме добро тоа не траеше долго. Тој тоа секаде го правеше и во Сити и во Галатасарај, не се чувствувам комфортно, па го барав најдоброто решение.“
„Инфраструктурата во Интер во најмала рака е срамотна. Разочарувачки е како таков голем клуб не може да инвестира во еден таков важен сегмент. Исхрана, опоравување, анализа на натпреварите и противниците, услови на тренингот, ништо од тоа нема во Интер. Тоа се главните одлики на професионалното функционирање, а тоа го најдов во Англија. Во Италија убаво е времето, а тревата секогаш несредена и висока. Во Англија може да врне со денови, играме на тепих кој секој ден со уживање го одржуваат работниците.“
„Требаше да одам во летото во 2014-та година и имав понуди од Ливерпул и Атлетико Мадрид. Се одлучив за Енфилд, Брендан Роџерс неколку пати ми се јави пред СП. Но, Баерн ми го стопираше трансферот. После следеа бројни преговори во кои имаше непријатни тонови. Во Баерн мислеа дека ќе добијам шанса, ја знаев дека нема и така и беше.“
„Мислам дека тоа е работа која се однесува само на мене. Никогаш не гледав така како на трансферот во Англија. Многу во главата го имаат стариот Стоук кој играше со долгите топки кај Тони Пјулис. Но, денес ситуацијата на теренот е поразлична. Марк Хјуз има технички надарени фудбалери на теренот, а постои и голема конкуренција во тимот. Фудбалер како Имбула од 30 милиони седи на трибини и тоа многу зборува за квалитетот на Стоук.“
„Уживам во друштвото со Хјуз. Хјуз, како и Хејнкес е џентлмен, кој ако е неопходно ќе донесе непријатни одлуки. Беше голем фудбалер и знае како треба да се однесува кон ѕвездите. Заблагодорувајќи нему, имам многу слободен простор и тој е заслужен за мојата добра игра“, заклучи Шакири.