Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на англиската екипа Сатон Вејн Шо стана познат ширум светот после натпреварот во понеделникот против Арсенал во англискиот ФА Куп.
Тој пред самиот крај на мечот, сведен нема да влезе во игра, се одлучи да оди до обележаниот Паб и покрај клупата за резервни фудбалери јадеше сендвич.
Иако во текот на мечот прослави, сепак подоцна му се удри од глава.
Имено, симпатичниот Вејн повеќе не е голман на Сатон бидејќи понуди оставка после тој натпревар сфаќајќи што направи, а клубот истата ја прифати.
„Вејн со својот потег ја фрли во сенка целата екипа. Разочаран сум од неговиот потег. Со оглед дека имаше многу критики на негова сметка, моравме да реагираме. Тој понуди да замине, а ние тоа го прифативме. Каков тажен крај за одлична приказна“, рече тренерот на оваа екипа Пол Досвел.
Да потсетиме дека овој голман се најде во уште еден проблем. Имено, тој моментално е под истрага од Англискиот фудбалски сојуз бидејќи признал дека знаел дека обложувалниците нудат добар коефициент на тоа дека тој ќе јаде сендвич во текот на натпревар.
Каков ќе биде епилогот од истрагата, останува да видиме.