Тевез го убеди својот сонародник да не го менува тимот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џонатан Кајлери летото пристигна во Вест Хем на позајмица од Депортиво Малдонада.

На 10 натпревари досега, тој постигна еден единствен погодок.

Имаше шпекулации дека ќе замине во Премиера, но од тоа ништо.

Во тоа го убедил поранешниот напаѓач на Вест Хем, Карлос Тевез.

Тевез во 2006 играше во Вест Хем и за да го постигне првиот погодок му требаа дури 20 натпревари, но потоа постигна уште 6 и му помогна на својот тим да остане во ПЛ.

Кајлери имаше понуда од Лас Палмас, но изјави дека бил убеден од страна на Тевез да остане во екипата на Вест Хем.

„Зборував со него, ми ја раскажа неговата слична ситуација кога бил овде. И нему му било доста тешко. Останувам овде да се борам, го прифаќам советот и сакам да одам по неговите чекори.“ – изјави Џонатан.