„Тепачот“ Рибери ќе добие казна откако нападна новинар!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Баерн Минхен во текот на неделата ќе соопшти дали ќе го казни Франк Рибери поради нападот на коментаторот на телевизијата „БиИн Спортс“, Патрик Гију.

Рибери го нападна Гију еден час по поразот од Борусија Дортмунд (2-3) во големото германско дерби.

„Рибери го навредуваше Гију и физички го нападна“, соопштија од споменатиот медиум.

„Билд“ пишува дека францускиот фудбалер му удрил три шлаканици на Рибери, па поради тоа претседателот на Баварците, Ули Хенес ќе преземе специјални мерки.

Управата ќе разговара со Французинот, па се очекува во текот на неделата да ја соопшти казната, односно да го казни Рибери.