Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Австралискиот тенисер Киргиос е суспендиран од страна на АТП поради однесувањето на Мастерсот во Шангај.
Контроверзниот Австралијец практично го пушти Зверев да победи.
Не сакаше да игра, се караше со публиката и судијата, па поради тоа беше парично казнет.
Меѓутоа денес тој дополнително беше казнет.
Суспендиран е до 15 јануари 2017-та година и доби дополнителни 25.000 долари казна.
Исто така, беше советуван да посети психолог, а ако го направи тоа, забраната ќе му биде намалена за 3 недели.
Киргиос моментално е 14 играч во светот, но неговото однесување постојано го одалечува од врвот.