Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем го потврди својот прв трансфер ова лето. Во редовите на клубот од „Вајт Харт Лејн“ ова лето ќе пристигне Дејвисон Санчез.
21 годишниот Санчез се договори со Тотенхем за шестгодишен договор кој ќе биде официјализиран штом играчот ги помине медицинските прегледи и штом добие работна виза.
„Сакам да му се заблагодарам на тренерот, менаџментот, играчите и фановите на Ајакс. Ова е прекрасен трансфер за мене затоа што ќе напредувам во кариерата.
Пресреќен сум што ќе потпишам за толку голем клуб како Тотенхем. Со нетрпение очекувам да работам со Маурисио Покетино и со новите соиграчи“- коментираше Санчез.
Младиот Санчез минатата сезона ја доби наградата Играч на годината во Ајакс, а во клубот дојде само пред една сезона од редовите на Атлетико Насионал.