Тотенхем се вклучува во трката по ѕвездата на Рома

Италијанскиот медиум „Раи Спорт“ објави информација дека од таборот на Тотенхем се заинтересирани за играчот на Рома, Ченгиз Ундер.

Клубот од Лондон е подготвен да понуди 52 милиони фунти во јануарскиот преоден рок за турскиот интернационалец кој игра одлично во дресот на „Римската волчица“.

За 22 годишниот фудбалер од Турција сериозен интерес има и од европските гиганти Барселона и Баерн Минхен.