„Тој е феномен. Голмани како него се раѓаат на секои 40 години“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума денеска полни 18 години. Многумина тврдат дека Џиџи е феномен.

Џанлуџи Донарума денеска полни 18 години. Ова младо момче веќе запиша 55 настапи за Милан во Серија А, а многумина му предвидуваат голема иднина и го споредуваат со големиот преходник, имењакот и пример Буфон.

Донарума во првиот тим го промовираше Синиша Михајловиќ, а од тој момент талентираниот голман продолжи да расте. Позитивни критики почнаа да се множат, и станаа се посилни и посилни.

„Тој е феномен. Голмани како него се раѓаат на секои 40 години. Во Италија би го ставил во категорија со Дино Зоф и Џиџи Буфон, па така сега го имаме Донарума. Се надевам дека ќе го направи истото што и тие. Да освои Светско првенство и да стане симбол на фудбалот не само во Италија веќе во светот“, рече поранешниот голман на Милан Џовани Гали.

Нормално, јасно е и дека големиот Буфион доби наследник на голот на репрезентацијата на Италија. Така големите спортисти не пропуштија шанса за лично да се обратат до Донарума и да му посакаат добредојде во светот на возрасните.

Има тука и татковска порака.

„Здраво Џиџо, јас сум Џиџи. Ти посакувам среќен роденден и конечно влез во светот на возрасните, како што ти порасна и во голем фудбалер. Затоа, уживај во своите години на најдобар можен начин, во годините ќе созреваш. Ќе сфатиш дека светот на возрасните е тежок, но ти ги имаш сите квалитети, морални и човечки, да направиш простор за себе, да бидеш среќен и да одбележиш една ера“, рече Буфон на својот наследник.

За Донарума Ла Стампа зборуваше и неговиот татко Алфонсо кој откри како младиот Џиџо, тогаш 14-годишен, се одлучи за Милан.

„Интер и Јувентус го сакаа, но тој се одлучи за Милан поради братот Антониo кој играше за младиот тим на Росонерите.  Секогаш навиваше за Милан, како и јас. Го обоив првиот свој мотор во црно и црвено. Додека мојата жена, неговата мајка, навива за Наполи“, рече Алфонсо.

Се потсети таткото на Донарума кога не веруваше кога Џиџи му рекол дека ќе дебитира за Милан.

„Кога ми рече дека ќе заигра за првиот тим не верував. Ми рече дека игра утре и го праша дали ќе дојдеме да го гледаме. Мислев дека е во прашање шега, не разбрав што се случува“, објасни Алфонсо.

Донарума дебитираше за Милан со 16 години и 242 денови во октомври 2015 година против Сасуоло со што стана втор најмлад голман кој некогаш заиграл во Серија А. Нормално, беше тоа одлука на Михајловиќ да ги казни лошите партии на Диего Лопез.

Подоцна стана и најмлад голман кој некогаш бранеше за Италија.

Винченцо Монтела во еден момент го опиша и како играч кој во еден момент ќе биде кандидат за Златната топка.

Славеникот против Сасуоло ќе го одигра својот 60 меч во дресот на Милан. Бранеше за Росонерите во сите 25 натпревари во оваа сезона во Серија А.

А само има 18 години. Новиот Џанлуиџи е тука. Фудбалот не мора да се грижи.

 

Погледнете какво изненадување Милан приреди на Донарума за неговиот 18-ти роденден. Погледнете ТУКА.