Трагедија која му го сменила животот: Зад еден од најдобрите бекови во светот има мрачна приказна


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанецот Маркос Алонсо стана еден од најдобрите бекови во англиската Премиерлига, а многумина сметаат дека е еден од најдобрите и во светот. Левиот бек на Челси минатиот викенд му пресуди на Арсенал во победата од 3-2.

Пред да го купи Антонио Конте во Челси, каде што му се претстави на светот, Шпанецот имаше тешки фудбалски години во Болтон, кога му се случила трагедија.

Алонсо ја помина младинската школа на Реал Мадрид, во кој остави длабока трага неговиот дедо, но тоа не го повтори и младиот Маркос.

Шпанецот често се забавувал во ноќни клубови во Мадрид, поради што бил отстранет од тренингот на првата екипа, а потоа бил префрлен во Реал Мадрид Б. Алонсо го напуштил Реал и во 2010. година заминува во Болтон.

Неговата прва сезона во Болтон била катастрофална, а одиграл само девет натпревари. На самиот крај на сезоната, Алонсо решил да замине во Мадрид со 22-годишната девојка, братот и двајца пријатели.

Во доцните часови по забавувањето во ноќен клуб, Алонсо решил да го земе својот автомобил и тоа му била најлоша одлука во животот. При брзина од 112 км/ч ја изгубил контролата над возилото и удрил во ѕид. На лице место починала неговата девојка, додека тој, неговиот брат и пријателите поминале со лесни повреди. Потоа било откриено дека има 0,93 промили алкохол во крвта.

Алонсо избегнал затворска казна, па морало да плати 61.000 евра и останал без возачка дозвола на три години и четири месеци. Тоа случување направил пресврт во неговиот живот и го направило човек каков што е денеска.

Во Фиорентина помина три години, а потоа во 2016. година Конте го донесе во Челси. Во претходните две сезони беше еден од најважните играчи во екипата, а тоа продолжува и под водство на Маурицио Сари.