Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Жозе Мурињо сака видео технологија и во Премиер лигата, после што во дуелот со Евертон на Ибрахимовиќ е поништен, се чини, регуларен гол.
Ибрахимовиќ постигна погодок за 1:1 во второто полувреме од натпреварот, но овој гол е поништен бидејќи помошникот сигнализираше офсајд.
Забавената снимка, сепак, покажа дека напаѓачот на Јунајтед не беше во недозволена позиција.
Мурињо одби да го критикува помошникот, но апелираше на воведување на видео технологија со цел да помогне на помошникот во вакви ситуации.
„Се боревме до самио крај, требаше да победиме бидејќи не беше офсајд“.
“На линискиот судија е тешко, не му замерувам. Кога се воведува видео технологија, тоа ќе помогне и на нас и судијата“, рече Мурињо после натпреварот кој заврши со резултат 1:1.
Мурињо не беше задоволен од играта на својата екипа, но го пофали залагањето своите играчи.
„Ќе играме подобро во наредните мечеви. Противникот беше многу дефанзивен, како и секогаш“, додаде на крајот португалскиот стручнак.