Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кингсли Коман е нов фудбалер на Баерн Минхен.
Францускиот фудбалер кој претходните две години беше на позајмица во Баерн е откупен од Јувентус три дена пред истекот на рокот и тоа за 21 милион евра.
Договорот со Коман е потпишан до 2020-та година, а директорот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге го изјави следното:
„Кингсли е важен во изградбата на темелот за иднинатата на нашиот клуб, па ја искористивме опцијата да го откупиме. Сигурни сме дека ќе ни помогне во иднина“, изјави Румениге.
Коман е на позајмица во Баерн од 2015-та година со опција за купување. Има 20 години и сигурно во иднина ќе биде големо засилување за баварците.