Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Евертон синоќа на домашен терен во рамките на Премиерлигата го порази Арсенал со 2:1.
Тренерот на Топџиите Арсен Венгер беше незадоволен од судењето и после мечот го обвини судијата за поразот на својот тим.
Одговор многу брзо стигна од страна на тренерот на Евертон Роналд Куман кој порача дека Венгер три пати по ред го победил (на домашен терен), а тој и трет пат го обвинува судијата.
„Не сум изненаден бидејќи ова е трет меч како го победувам Арсенал и трет пат да се зборува за судијата. Жал ми е за Арсенал, победивме поради судијата“, рече Куман за англиските медиуми.
Да потсетиме дека Евертон после оваа победа скокна на 7 место со 23 бода, додека Арсенал остана втор со 34 бода од 16 меча.