Трката за титулата далеку од готова: Ливерпул киксираше против Вест Хем (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Ливерпул не успеа да слави на тешкото гостување во Лондон кај екипата на Вест Хем.

На „Олимпискиот стадион“ видовме еден интересен натпревар кој по финалните 90 минути заврши без победник, 1:1.

Гостите од градот на Битлски први стигнаа до водство со гол кој беше постигнат по офсајд позиција. Садио Мане во 22. минута одлично ја искористи асистенцијата на Милнер и го матираше Фабијански.

Сепак, Вест Хем брзо се врати и израмни со голот на Микаел Антонио само шест минути по погодокот на Мане.

Ова се покажа како конечен резултат по финалните 90 минути. Ливерпул останува на првата позиција, но сега само со три бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.