„Трофејот го посветувам на претседателот“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младиот голман на Милан трофејот Суперкопа на Италија го посвети на претседателот на клубот Силвио Берлускони.

После 1:1 во 90 минути игра во Доха, се играа продолженија, немаше голови, па се мораше да се изведуваат пенали и Росонерите тука беа поуспешни за прв трофеј после пет години суша.

„Не можам да ви опишам како се чувствувам и не знам ни што ми поминуваше се низ главата“, рече 17-годишниот Донарума за Раи Спорт, па додаде:

„Знаевме дека моравме да дадеме се од себе. Тренерот ни даде добри упатства и се трудевме да испочитуваме се што се договоривме“.

“Ова е неописливо чувство. Ја сакавме оваа победа и ја заслуживме после се што направивме. Го посветувам трофејот на претседателот. Не знам дали ова ќе биде негов последен трофеј во Милан, но на него го посветувам“, истакна Донарума.