Тројца дебитанти и еден повратник во репрезентацијата на Англија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Герет Саутгејт го објави списокот на повикани фудбалери на кои ќе смета за пријателските натпревари против Германија и Бразил кои ќе се играат на „Вембли“.

Селекторот на „Гордиот Албион“ се реши за прв пат да им даде повик на фудбалерот на Ливерпул, Џо Гомез, и младите фудбалери на Челси, кои во моментов се на позајмица во Свонси и Кристал Палас, Тами Абрахам и Рубен Лофтус Чил.

Новина во тимот на Англија е и повикувањето во репрезентацијата на Ешли Јанг кој игра во одлична форма во дресот на „Црвените Ѓаволи“.  Последниот настап на Јанг во репрезентацијата му беше пред точно четири години кога настапи на квалификацискиот натпревар против Украина.