Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Ова никогаш не се случило, дамо еден потег би можел да промени многу..
Жозе Мурињо и натаму инсистира дека ќе остане на клупата на Манчестер Јунајтед, но и натаму води војна со управата. Имено, тој е камен во однос на тоа што го спречува клубот да ангажира спортски директор кој би доведувал играчи.
Таквите работи со Мурињо не функционираа ниту во Челзи, ниту во Реал, каде се завојуваше со спортскиот сектор, а во Јунајтед се сигурно дека нема да дозволат, односно дека ќе влезат во судир, ако се обидат да му наметнат решение.
Познато е дека нему ќе му бидал доделени околу 120 милиони евра за преодниот рок, но само ако има реална шанса да дојде до четвртата позиција. Имено, во овој момент заостанува 5 бодови зад Арсенал, но ако таа разлика до јануари да речеме е 10 бодови, тогаш клубот ќе ги чува парите.
Тоа во Јунајтед би виовело нов вид на судир со тренерот, можеби и смена, бидејќи тој, како што вели нема намера да поднесе оставка. Клубот верува дека Мурињо ќе остане до крајор на сезоната, а неговото заминување според гласините од Островот и од Шпанија го чекаат тројца.
Еден е Флорентино Перез кој би направил се Мурињо да се врати во Реал Мадрид, но Португалецот истакна дека нема такви планови. Вториот е Антонио Конте кој го одби Реал, бидејќи цели кон клупата на Јунајтед, а третиот е Покетино кому му е досадно да игра за второто или третото место, фрустриран е поради доцнењето со работата на новиот стадион, посетата на Вембли е стрмна, па Аргентинецот е се побезволен, со оглед на тоа дека клубот нема пари за големи засилувања.
Него го сака Реал, но поголем предизвик би бил Јунајтед, имено Покетино има план да остане во ПЛ, но и во Јунајтед би го пречекале со раширени раце.
Но, сега се е во рацете на Мурињо, тој го стабилизираше тимот, всушност, го чекаат натпревари со опасни екипи, а потоа и гостување кај Јувентус, некои тврдат дека столчето би можело повторно да се залула и тоа за брзо време, ако го загуби градското дерби од Гвардиола.
Сепак, и натаму е тешко да се верува дека на „Олд Трафорд“ би го смениле Мурињо, во тој случај би морале да му исплатат повеќе од 30 милиони евра.