Тројца фудбалери на Јувентус побарале трансфер

La Gazzetta dello Sport ја пренесува информацијата дека тројца фудбалери на Јувентус поради расправии на тренинг побарале заминување од клубот. Иако точниот датум на расправијата не е споменат, истиот медиум пренесува дека на споменатиот тренинг се расправале домашни фудбалери (не се именувани) со новодојдени и странски фудбалери.

Секако, од домашните фудбалери во редовите на Јувентус помеѓу останатите се Буфон, Киелини и Барзаљи, а од новодојдените можеме да ги издвоиме Даглас Коста, Блез Матуиди или Матија Де Шиљо. Третите актери во целата ситуација се странците, а се претпоставува  дека овде пред сите е Алекс Сандро, кој бара трансфер во Челси и не е задоволен од Јувентус.

После целата расправија тројца неименувани фудбалери побарале трансфер, а од Јувентус многу бргу се огласиле и ги демантирале споменатите тврдеења.

Да потсетиме, утре вечер се игра дербито помеѓу Старата Дама и Наполи, а можно е променетата формација да е измислена со цел да се смири немирот во редовите на екипата на Алегри.

Од друга страна, треба да се има предвид дека и претходно имаше расправии во екипата на актуелниот шамшион на Италија, а најсвеж пример е заминувањето на Леонардо Бонучи во Милан после кавгите со тренерот Алегри.