УЕФА почна истрага и сега Ц. Звезда се соочува со голема казна!?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Црвена Звезда, кој сезонава ќе заигра во групната фаза во Лигата на шампиони, се наоѓа пред нова казна од УЕФА.

УЕФА почна дисциплинска постапка против Црвена Звезда поради испадот на навивачите на реваншот на натпреварот против Ред Бул Салцбург одигран во Австраија (2-2), а главен предмет ќе биде влегувањето во теренот.

Тоа е нешто што УЕФА не го толерира и јасно е дека српската екипа ќе добие жестока казна, а ќе биде истражено и однесувањето на навивачите на трибините, каде што биле користена пиротехника.

Дисциплинската комисија на УЕФА за случајот ќе разговара на седми септември, а тогаш би требало да биде познато со колку голема казна ќе се соочи клубот од Белград.