УЕФА санкционираше четири тима поради кршење на правилата на финансискиот фер плеј

Од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) санкционираа четири клубови поради кршење на правилата на финансискиот фер плеј.

Тирана, Иртиш, Војводина и Сион заработија казни од телото за контрола на финансиите при УЕФА, а најтешко помина казахстанскиот претставник кој доби забрана за настап во европските купови во следните три години, а дополнително беше санкциониран и со 440.000 евра казна.

Тимот на Сион од Швајцарија заработи казна од две години забрана за настап во европските натпреварувања и плус дополнителна парична казна од 235.000 евра.

Албанскиот претставник Тирана, како и српска Војводина поминаа „најлесно“ и заработија казни од 215.000 евра.