Уште еден доказ дека Де Геа би можел да го напушти Манчестер!

Само уште еден во низата на докази, дали дојде време Де Геа да замине од Јунајтед?

Де Геа можеби го одигра последниот натпревар за Јунајтед, а ние не знаеме за тоа.

Мурињо одлучи до крајот на сезоната на голот да бидат Ромеро и Переира. Ромеро ќе брани во финалето на ЛЕ, но и еден натпревар до крајот на сезоната, а покрај тоа и Переира ќе добие шанса да дебитира.

„Переира е фантастичен и ќе му дадам шанса до крајот на сезоната, за мене тој сигурно ќе биде најдобар голман на Португалија.

Ова значи дека Де Геа нема да брани до крајот на сезоната за Јунајтед.