Уште еден сензационален кам бек: Покрај Ибрахимовиќ, уште едно познато лице се враќа на „Сан Сиро“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со месеци се зборува за враќањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан, Швеѓанецот остана без клуб и Италијанците сега имаат прилика да го доведат без обештета.

Тоа остава простор за уште една работа, а во прашање би можело да биде уште едно враќање на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ го сакаат Алесанро Пато кој моментално настапува за Тијанџин и има откупна клаузула од 25 милиони евра.

Покрај тоа, Бразилецот годишно инкасира 9 милиони евра што би можело да претставува проблем за Милан, но Пато е подготвен за намалување на платата бидејќи сака да се врати во Европа и Милано каде во првиот мандат постигна 63 погодоци на 150 меча.

Директорот на Милан, Леонардо, беше еден од најзаслужните за трансферот од 2007. година кога Пато пристигна од Интернасионал за 22 милиони евра, па „бразилската врска“ би можела да проработи и овојпат.

Пато има 29 години и Италијанците веруваат дека се уште може да понуди добри партии на највисоко ниво.