Уште еден фудбалер се пензионира од репрезентацијата на Аргентина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Играчот на Милан и член на репрезентацијата на Аргентина, Лукас Биља веднаш по Маскерано објави дека и тој ќе се повлече од репрезентативниот дрес.

Аргентина разочара многумина на првенството во Русија, па по денешниот пораз од Франција во осминафиналето веќе почнаа да се редат откажувања на актуелните играчи. По Маскерано, тоа го стори и Биља.

„Го имавме нашиот најдобар перформанс до водството од 2:1. Ова е фудбалот. Си заминуваме со голема тага, затоа што ова е крај на еден пат за некој од нас. Се надевам дека оние кои ќе не наследат ќе работат со помал притисок и ќе ја однесат Аргентина онаму каде што заслужува да биде.

Време е за мене да се тргнам на страна, да бидам искрен кон себе, да си докажам дека има нова генерација која е богата со талент, време е да прекинам со играњето во репрезентацијата“- коментираше Биља.