Федерер постави уште еден неверојатен рекорд


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер постави уште еден рекорд, кој тешко дека ќе биде срушен во блиска иднина.

Освојувачот на 20 грен-слем титули стана првиот играч во историјата, кој поминал 700 недели помеѓу четирите најдобри тенисери во светот, односно повеќе од 13 години.

Федерер помина 600 недели во топ три и 500 недели во топ два, а моментално е втор на АТП листата.