Феноменален гол на Денис Махмудов против АЗ Алкмар (Видео)

Македонскиот интернационалец кој настапува во дресот на холандскиот прволигаш, Ексцелсиор, Денис Махмудов постигна погодок на гостувањето кај АЗ Алкмар.

Махмудов на одличен начин, од дистанца го совлада домашниот голман и со тоа го донесе во предност својот тим.

Во моментов е полувреме на тој натпревар, а резултатот по првите 45. минути е нерешен, 1:1.

Инаку, ова е вкупно трет погодок за Махмудов оваа сезона во Ердивизијата, а доколку продолжи со вакви настапи, Ангеловски може да смета на него за претстојниот квалификациски циклус за Европското првенство.