Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Илчо Ѓорѓиоски


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Финансиската полиција на Македонија денеска објави дека поранешниот претседател на фудбалскиот сојуз, Илчо Ѓорѓиоски е обвинет за затајување на данок.

Според финансиската полиција, Ѓорѓиоски во завршната сметка за 2017 година „прикажал лажни и неточни податоци“, а кривична пријава е поднесена и против Фудбалската федерација на Македонија.

Ѓорѓиоски затаил 1,6 милиони денари, односно околу 27.000 евра и така го оштетил државниот буџет, па сега го очекуваат санкции.

„И. Ѓ. Во својство на претседател на Фудбалската федерација на Македонија, во период од први јануари 2017 до 27 февруари 2018 свесно прикажал лажни податоци во завршната сметка за 2017 година“, пишува во соопштението на финансиската полиција.