Фиорентина пред промоција на двајца одлични играчи


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Од таборот на Фиорентина напорно работат за да комплетираат два одлични трансфери.

Пред трансфер во Фиренца е хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца кој би потпишал перманентен договор со „Виола“ но во договорот ќе има клаузула со која Јувентус ќе може да го откупи фудбалерот кога и да посака.

Најпрво Фиорентина ќе плати два милиони евра за едногодишна позајмица на Пјаца, а потоа ќе може да издвои уште 20 милиони за перманентен откуп на договорот.

Покрај Пјаца, на „Артемио Франки“ ќе пристигне и белгискиот интернационалец Кевин Миралас. Од Евертон потврдија дека е постигнат договор за едногодишна позајмица, а за официјално да биде комплетиран преминот на Миралас во Фиорентина треба само да се поминат неопходните медицински прегледи.