Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Силвио Берлускони, некогашниот претседател на Милан, нема дилема кого ќе поддржува во финалето на Лигата на шампионите.
Во сабота е на програмата големото финале, ќе играат Јувентус и Реал Мадрид, а свое предвидување даде и Силвио Берлускони, некогашен претседател на Милан.
„Јас отсекогаш навивав и за Интер кога играа меѓународни натпреварувања. Истото ќе го направам и сега, ќе навивам за Јувентус против Реал Мадрид. Форза Јуве!“, рече Силвио Берлускони.
Подоцна зборуваше и за продажбата на клубот.
„Моите години во Милан беа фантастични. Сакав да одам до Миланело во претходните денови со цел да се поздравам со сите, но не бев сеуште бидејќи чувствувам болка од напуштањето на клубот.
Сепак, наскоро ќе отидам и ќе се заблагодарам со сите тие“, рече Берлускони.
„Отидов бидејќи фудбалот се промени“, заклучи Берлускони.