ФОТО: Започна трофеј турата со највредните клупски пехари

Започна турнејата на највредните фудбалски клупски пехари која пред неколку денови ја најавија од Фудбалската федерација на Македонија.

Трофеите од Лигата на Шампионите, Лигата на Европа и Супер Купот денес беа во Тетово и Охрид, а утре ќе бидат изложени во Битола и Прилеп.

Главниот настан на турата ќе биде на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде трофеите ќе бидат изложени на 7ми и 8ми август.