Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Франција е нов светски првак откако со 4:2 славеа во големото финале против Хрватска.
На стадионот „Лужники“ уште на почетокот можеше да се види дека двете репрезентации ќе играат со отворен гард и дека нема да се штедат за победа на овој натпревар.
Хрватска тргна отворено, но во 18. минута Франција дојде до водство откако Манџукиќ си постигна автогол. Радоста на Триколорите траеше само десет минути. во 28. минута „коцкестите“ со фантастичниот гол на Иван Перишиќ стигнаа до 1:1.
Потоа уште еден прекин беше кобен за Хрватска. Перишиќ по еден корнер играше со рака, судијата по прегледувањето на снимката досуди на белата точка, а сигурен реализатор беше гризман.
На 3:1 во 59. минута зголеми Пол Погба со убав гол од дистанца, а сличен погодок постигна и Мбапе само пет минути подоцна и со тоа ги урна сите надежи на Хрватска.
Манџукиќ погоди за 4:2 по еден катастрофален кикс на Хуго Лори, но тоа беше се од момците на Златко Далиќ на кого цела Хрватска мора да биде горда.