Француска ѕвезда со шокантна исповед: Сакав да загубиме на СП во Русија (ВИДЕО)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Франција, Лорен Кошчелни, призна дека триумфот на Франција на Светското првенство (СП) во Русија му паднал потешко од повредата.

Кошчелни беше на списокот на Франција за Мундијалот во Русија, но повредата го спречи да настапи.

Фудбалерот на Арсенал зборуваше за француските медиуми и ја отвори душата.

„Победата на Франција на Мундијалот психички ме уби повеќе од повредата. Тој Мундијал ќе остане темна дамка во мојата кариера. Тешко ја прифатив повредата. Сам на себе си кажаувам дека можев да бидам дел од таа авантура и да станам светски шампион. Таа мислам ќе ме следи цел живот“, кажа Кошчелни.