Фудбалери од кои Манчестер прерано се откажа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата на Јунајтед немаше трпение за поедини фудбалери, кои што својот фудбалски бум го имаа дури после заминувањето од клубот, а “Squawka” состави листа на тие за кои Манчестер најмногу згреши.

Реткост беше некој играч после заминувањето од Олд Трафорд да претставува добар потег во кариерата, но сепак не е така?

Овие 11 момци, соевремено ги носеа боите на Црвените ѓаволи, но од различни причини не се задржаа во Манчестер, и својата среќа ја побараа некаде на друго место.

Тие направија добра кариера после заминувањето од Јунајтед, поедини толку напредуваа што управата мораше да ги врати и така загубија многуи пари (нормално се работи за Пол Погба).
Во продолжение погледнете кои сие 11 момци што управата на англискиот гигант прерано се откажа и како после заминувањето од Олд Трафорд направија успешна кариера.

Јап Стам – Продаден на Лацио во 2001 година за 16.5 милиони фунти.

Да почнеме со најстариот пример. Корпулентниот Јап Стам помина три сезони на Олд Трафорд, а подоцна и самиот Фергусон призна дека направи голема грешка кога го продаде на Лацио.

На управата на Јунајтед беа потребни четири години да му пронајдат адекватна замена, а таа стигна од московска Спартак, а во прашње беше нормално Немања Видиќ.

Диего Форлан – Продаден на Виљареал во 2004 година за само два милиони фунти

Кога стигна беше анонимус, а после 27 натпревари беше без постигнат гол, се чинеше дека мора да „лета“.

Настапи 98 пати за Јунајтед, постигна 17 голови, а тогаш се пресели во Шпанија, каде што експлодираше.

Стана најдобар стрелец на Примера, подоцна блескаше и во дресот на Атлетико Мадрид, а во 2010 година беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство.

Џузепе Роси  – Продаден на Виљареал во 2007 година, а недифинирана сума на пари

Стигна како младинец, но не доби вистинска шанса на Олд Трафорд. Одигра само 14 мечеви за сениорите, пред што се придружи на Жолтата подморница.

Во наредните четири сезони, покажа дека управата на Јунајтед повторно згреши. Постигна 77 голови за Виљареал во сите натпреварувања, веројатно ќе остане запаметен како еден од најдобрите европски напаѓачи да немаше големи пехови со повреди.

Жерар  Пике – Продаден на Барселона во 2008 година за четири милиони фунти

 

Можеби и најголема грешка на Алекс Фергусон. Стигна Пике како тинејџер од Барса, се чинеше дека може да биде вистински наследник на Рио Фердинанд и Видиќ.

Сепак, наместо тоа е вратен во Каталонија, каде што под Пеп Гвардиола стана еден од најдобрите светски стопери.

Пол Погба – Отиде во Јувентус како слободен играч

Оваа приказна сите ја знаат. Погба имаше талент, тоа се знаеше, но Ферги не му веруваше. Пуштен е во Јуве по истекот на договорот, останото е историја.

Стана во редовите на Бјанконерите еден од најдобрите играчи за врска на планетата, а ова лето грешката во проценките, го чинеше Јунајтед рекордни 105 милиони евра.

Џони Еванс – Продаден на Вест Бромвич во 2015 година за осум милиони фунти

Требаше да биде замена за Видиќ и Фердинанд, доби шанса но не ја искористи на вистински начин.

Продаден е на Пјулис, а се испостави дека Манчестер требаше уште малку да го сочека, бидејќи Еванс во редовите на екипата на велшкиот стратег заигра на неочекувано високо ниво.

Дени Велбек – Продаден на Арсенал во 2014 година за 16 милиони фунти

Сметан за еден од најперспективните напаѓачи во Англија, но желбата на управата за што порано да направи што подобар резултат, додеве до тоа за Велбек да биде вишок.

Во времето кога беше стандарден и  во репрезентацијата на Англија е продаден на Арсенал, а повредите да го заобиколеа немаше сомнение дека на Топџиите ќе донесеше малку повеќе среќа.

Патрис Евра – Замина во Јувентус во 2014 година како слободен играч

Сега е јасно како ден дека Јунајтед прерано се откаже од неговите услуги. Како Погба засилен е Јувентус без наплата, а со Старата дама освои дупла клупа во Италија и играше финале на Лигата на шампионите во својата прва сезона.

Хавиер Ернандез – Продаден на Леверкузен во 2014 година за 7.3 милиони фунти

И ден денеска не е јасно зошто Јунајтед се откажа од Чичарито. Мексиканецот сеуште беше корисен за Ѓаволите, беше вистински џокер, но очигледно дека управата сакаше нешто повеќе.

Го продадоа на првиот тим кој испрати понуда, заработка речиси никаква немаа, а Ернандез во дресот на Леверкузен стана едне од најдобрите напаѓачи во Германија.

Блеска во репрезентација, каде што е на чекор од испишување на историја.

Анхел Ди Марија – Продаден на ПСЖ во 2015 година за 45.7 милиони фунти

Ди Марија не блеска во Англија, поради тоа и продаден штом стигна сериозна понуда, но и птиците на гранка знаат што во нозете крие одличниот Аргентинец.

Да останеше на Олд Трафорд нема сомнеж дека во соработка со Мурињо ќе експлодираше и дека Јунајтед ќе биде далеку поопасен во оваа сезона.

Мајкл Кин  – Продаден на Барнли за само два милиони фунти

Изданок на академијата на Манчестер Јунајтед не доби никаква шанса во сениорска конкуренција.

Наместо тоа е продаден на Барнлиу, кој направи одлична зделка.

Кин сега стана репрезетнативец на Англија, еден од најперспективните млади дефанзивци на Островот, и Мурињо сега сигурно жали што поранешните тренери немаа повеќе разбирање за младиот стопер.