Фудбалскиот сојуз на Германија суспендираше двајца членови на тимот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Фудбалскиот сојуз на Германија соопштија дека суспендираа двајца членови на стручниот штаб со образложение дека несоодветно реагирале по постигнатиот гол на Крос на натпреварот против Шведска.

Координаторот за медиумите, Ули Воигт и шефот на помошниот персонал, Георг Бехлау нема да бидат на клупата на Германија на натпреварот против Јужна Кореа која се игра на 27. јуни.

И двајцата реагираа несоодветно прославувајќи го голот на Крос пред клупата на Шведска при што ги испровоцираа противниците, па настана и мала мешаница крај аут линијата.

„Нависитна жалиме поради гестот кон шведската клупа од два члена од нашиот стручен штаб. Тие дадоа изјава со свое видување на тоа што се случи во понеделникот“ –стоеше во дел од соопштението на Фудбалскиот сојуз на Германија.