Хадерсфилд го совлада и Њукасл и се наоѓа на врвот во Премиер Лигата (ВИДЕО)

Екипата на Хадерсфилд продолжува со одличните игри на стартот на новата сезона во Премиер Лигата.

По убедливата победа против Кристал Палас во првото коло од 3:0, денес пред избраниците на Дејвид Вагнер падна и тимот на Њукасл.

Домашниот тим на Хадерсфилд славеше со 1:0, а единствениот погодок го постигна Арон Мој кој на фантастичен начин го матираше Роб Елиот.