Хал победи, но Манчестер Јунајтед се пласира во финале (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерите на Хал го победија Манчестер Јунајтед во реванш натпреварот од лига купот со 2:1.

Во 35-та минута Рохо направи прекршок во казнениот простор, а Хадлстон од белата точка му донесе водство на Хал.

Пол Погба во второто полувреме го израмни резултатот. Рохо неколку минути подоцна ја погоди пречката. Исто така и Ниасе ја погоди пречката. Конечните 2:1 ги постави Ниасе во 85-та минута.

Манчестер Јунајтед во финалето на лига купот ќе игра против Саутемптон.