Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хамес Родригез не сака да влезе во 2019. година без конкретен одговор, кој се однесува за иднината на неговата кариера.
Актуелниот германски шампион го позајми Колумбиецот од Реал Мадрид на две сезони и би можел да го откупи за 40 милиони евра.
Баварците имаат уште време за да донесат конечна одлука, а на крајот на сезоната мора да повлечат потег, но Хамес не сака да чека до тогаш.
Германските медиуми пишуваат дека Родригез побарал состанок со управата на Баерн за да се разговара за неговата иднина.
Тоа значи дека Колумбиецот сака да дознае до крајот на годината дали Баерн има планови за него, односно дали ќе плати 40 милиони евра или дабара друго решение.