Хамилтон на пол позиција во Франција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Франција која за прв пат се вози од 1990 година на патеката Пол Рихар.

За Британскиот возач ова е 75. пол позиција во кариерата, а од првиот ред во Франција заедно со него ќе стартува вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Трет трката ќе ја започне Себастијан Фетел, додека од четвртата позиција ќе стартува Макс Ферстапен.

Третиот ред ќе го пополнат Даниел Рикиардо и Кими Раиконен, додека првите десет ќе ги комплетираат Карлос Саинц, Карлс Лекле, Кевин Магнусен и Роман Грожан.