Хендикеп за Јунајтед: Лукаку ќе мора да паузира неколку натпревари!


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку доби слободни денови од клубот и новиот привремен тренер Оле Гунар Солскјер поради смртен случај во семејството.

Лукаку сезонава игра под очекувањата, а Жозе Мурињо го пресели на клупата. Со големо внимание се очекуваше епилог од неговиот статус под Солскјер, но очигледно тоа ќе мора да почека.

Белгиецот нема да игра против Кардиф и Хадерсфилд во наредните два натпревари, а сезонава Лукаку постигна шест гола на 22 натпревари во сите натпреварувања.