Херојска партија на Столе Димитриевски за Рајо: Одбрани пенал во последните моменти од средбата и донесе победа за својот тим (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитриевски имаше одличен настап на денешната средба од 18. коло од Ла Лига на гостувањето кај Ваљадолид и му помогна на Рајо да стигне до злато вредна победа од 0:1.

Димитриевски беше најдобриот поединец на денешната средба успевајќи да одбрани неколку одлични удари на домашниот тим, а најспектакуларна беше онаа во финишот на средбата кога успеа да му одбрани пенал на искусниот Мичел.

Инаку, Рајо Ваљекано дојде до предност во 31 секунда од натпреварот преку Алваро Медран и тоа на крајот испадна единствен погодок на средбата.

Со оваа победа Рајо стигна до 16 бода и остана на претпоследното место на табелата во Ла Лига.