Црвена Звезда го премина Милан на УЕФА-листата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Црвена Звезда по победата против Ливерпул од 2-0 во Лигата на шампиони го премина Милан на ранг-листата на УЕФА и сега е 79. според коефициентот.

Покрај седумкратниот шампион на Европа, српскиот клуб ги премина уште Макаби Тел Авив, Малме, Спартак Москва и Динамо Москва.

Веднаш пред Црвена Звезда се Евертон, Цирих и Партизан, па би можеле и нив да ги преминат наскоро.

Инаку, со добри резултати пристигнуваат и пари, па шампионот на Србија досега заработи речиси 25 милиони евра.