Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српските медиуми пишуваат дека Црвена Звезда добила предупредување од УЕФА поради допинг контроли и доколку им се повтори нешто слично, тие ќе бидат исклучени од европските натпреварувања.
Контролите пристигнуваат ненајавени на тренинг и натпревари на клубовите и вршат тестирања, но овојпат не успеале да тестираат тројца фудбалери на црвено-белите.
Наводно, станува збор за двајца српски фудбалери и еден странец, па еден од нив бил предупреден, а ако се повтори тогаш ќе следува и суспензија.
Српскиот шампион бил предупреден дека во иднина ќе мора да достави навреме податоци за фудбалерите, инаку во спротивно ќе добијат санкции од УЕФА.