Челси и Евертон се намачија но успеаја да се пласираат во следната фаза од ФА Купот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со натпреварите од 16:00 часот беше продолжено натпреварувањето во англискиот ФА Куп, па по десет одиграни натпревари пласман во следната фаза обезбедија Акрингтон, Свонси, Болтон, Брентфорд, Челси, Евертон, Вимблдон, Гилингем и Миделсбро.

Челси славеше рутинска, но тешка победа против тимот на Нотингем Форест со 2:0. Двата погодоци беа дело на Алваро Мората, а ова веројатно беше последниот натпревар на Цеск Фабрегас во дресот на клубот од Лондон.

Евертон доста се намачи против нисколигашот Линколн Сити кој се натпреварува во четвртата по ранг лига во Англија. „Карамелите“ победија со 2:1, а сите погодоци паднаа во првите 30 минути.

Акрингтон- Ипсвич 1:0

Астон Вила- Свонси 0:3

Болтон- Волсол 5:2

Брентфорд- Оксфорд 1:0

Челси- Нотингем 2:0

Дерби- Саутемптон 2:2

Евертон- Линколн 2:1

Флетфуд- Вимблдон 2:3

Гилингам- Кардиф 1:0

Миделсбро- Петерборо 5:0