Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од 21 часот беа одиграни уште три натпревари од осминафиналето од Лигата на Европа.
Челси на домашен терен со лесни 3:0 го совлада Динамо Киев и така со една нога веќе е во четвртфиналето. Стрелци за „Сините“ беа Педро во 17. Вилиан во 65. и Худсон Одои во 90. минута од натпреварот.
Наполи исто така беше феноменален против Салцбург и со ист резултат како Челси го совлада австрискиот претставник. Аркадиуш Милик и Руиз уште рано во првиот дел донесоа предност од 2:0, а конечниот резултат го постави Онгуене кој си постигна автогол.
Валенсија на „Месталја“ го совлада рускиот Красондар со минимални 2:1, па за пласман во следната фаза ќе мора да се помачи на гостувањето во Русија.