Челси руши голем клубски рекорд


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Челси продолжи со фантастичните натпревари во оваа сезона.

Денешната победа против Борнмут беше 12-та во низа за тимот кој го предводи Антонио Конте, а со неа беше рушен и клупскиот рекорд.

Челси досега имаше најмногу 11 по ред победи и тоа во периодот од април до септември 2009-та година, а тој резултат денес беше поправен.

Победничката серија на Челси започна во седмото коло кога сините го совладаа Хал, а потоа паднаа: Лестер, Манчестер Јунајтед, Саутемптон, Евертон, Мидлзбро, Тотенхем, Манчестер Сити, ВБА, Сандерленд, Кристал Палас и Борнмут.

Дури на десет од од овие дванаесет натпревари не примија погодок.