Челси фаворит во битката за хрватски фудбалер: Интересен трансфер на повидок


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот медиум „О Јого“ пренесува дека Челси е фаворит во трката за потписот на хрватскиот интернационалец Јосип Вуковиќ.

Ова е неочекувана вест ако се знае дека станува збор за 27 годишен фудбалер кој во моментов настапува за Маритимо.

Сепак и покрај тоа што Вуковиќ преферирал трансфер меѓу „Сините“ од Лондон, трансфер забраната на Челси може да му направи проблеми во реализацијата на својот трансфер од соништата.

Ситуацијата ја набљудува уште еден премиерлигаш, Вулверхемтпон кој ќе тргне по Хрватот доколку Челси не добие помилување од ФИФА.