Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Барселона, Луис Енрике смета дека четири тимови се борат за титулата во Ла Лига, па не сака да отпише било кого од трката. Лидер е Реал со 40 бодови, но има само 1 повеќе од Севиља. Барселона е трета со 38, а 4-ти е Атлетико со 34 бодови.
Ривалите го намалија водството на Реал благодарение на поразот на Реал во Андалузија минатиот викенд, прв по 40 натпревари во низа без пораз во сите натпреварувања.
„Беше тоа добар викенд за нас. Освоивме три бодови и направивме се што е до нас за да продолжиме да вршиме притисок на тимовите кои се пред нас на табелата…“
„И секако, секогаш е убаво кога тимовите пред вас ќе изгубат. На половина сезона сме. Четири тимови се кандидати за титулата. Би било глупаво да отпишам било кого.“